ADRIA CORPORATE EDUCATION
Гордана Кадоиќ
ADRIA CORPORATE EDUCATION
Tренер за продажба, Adria Corporate Education. Сопственичка и директорка на компанијата Adria Corporate Education, која се занимава со корпоративни едукации, тренинзи и деловно советување, а специјализирана е за развој на продажните тимови. Магистрирала деловна економија на Економскиот факултет во Загреб, а кариерата ја градела во компаниите „Орифлејм козметика Хрватска“, „Орбико“, „Орбико бјути“ и во други дистрибутерски компании, работејќи на менаџерски позиции за брендови како Ariel, Pampers, Milka, Jacobs, Danone и други. Врвот на кариерата во корпоративниот бизнис го достигнува на позицијата   регионален менаџер за Хрватска за шведската природна козметика „Орифлејм“, каде што направила целосна реорганизација на компанијата и непрофитабилното работењето го насочила во позитивна насока. По долгогодишното искуство во домашните и меѓународните корпорации, на подрачјето на продажбата, маркетингот и личниот развој, одлучила да го искористи својот талент за пренесување знаење и да се впушти во претприемничките води. Денес работи како советничка за развој на деловни вештини, како тренер, експерт за развој на продажбата и продажните тимови, а е чест говорник и на конференции и на разни презентации. Има одржано повеќе од 100 едукации, тренинзи, работилници и семинари во Хрватска и во странство. Членка е на Европската задруга за коучинг и носителка на првата диплома на Школата за тренери.