SANDLER TRAINING
Драган Војводиќ
SANDLER TRAINING
CEO на Sandler Training. За себе сака да кажува дека не е тренер за продажба, мотивација или за успех, туку дека пред сè, е тренер во областа на човековото однесување. На предлог на фондацијата „Караѓорѓевиќ“ во 2012 година го запознава Ник Вујичиќ и заедно со него држи предавање на тема: Зошто наутро стануваме од кревет? Кај професорот Криже Катиниќ, ценет интелектуалец и доктор по психијатрија, изучува логотерапија. Не верува во дводневни или повеќедневни семинари, затоа што смета дека тие не можат да го променат најкомплицираното нешто кај луѓето – однесувањето, кое е контролирано од личните убедувања и уверувања. Затоа одлучува да почне со изучување на продажниот систем на „Сандлер“, една од најбараните и најоригиналните компании во светот, што се занимава со развој на човечкиот потенцијал и станува нивни официјален застапник за Србија.