VALICON
Зенел Батагељ
VALICON
Партнер во Valicon. Тој е еден од основачите на истражувачката агенција Valicon и се занимава со консалтинг на клучните клиенти на полето на маркетингот, брендирањето и стратегиите за пораст. По образование е социолог и еден од најистакнатите експерти на полето на стратешки и оперативен маркетинг на подрачјето на ЈИЕ. Од неодамна професионалниот интерес му е насочен кон архитектура, идентитет и управување на брендовите, како и на интеграција со управувањето со искуството на потрошувачите, во најширока смисла на зборот. На брендовите им помага да дишат и повторно да добијат смисла. Уште од почетоците на занимавањето со брендовите, се раководи од идејата дека брендот е највредниот дел од компанијата, кој не се наоѓа во сефовите на компанијата, туку таму некаде, во главите на потрошувачите. Батагељ е добар познавач на регионалните потрошувачи. Активен член е на Друштвото на маркетери на Словенија и предавач на поголемите маркетинг настани во регионот и пошироко (SMK, SEEMAR, SKOJ, Marketing Summit, ESOMAR). Прогласен е и за адвертајзинг личност на годината во 2015. Во своето подрачје на интерес има објавено неколку публикации во истакнати меѓународни списанија, а е и коавтор на труд издаден во престижната издавачка куќа „Вајли“ (Wiley).