IMPERIAL TOBACCO TKS
Силвија Брајовиќ
IMPERIAL TOBACCO TKS
Проектен менаџер во Imperial Tobacco TKS. Голем професионалец со широко искуство на полето на маркетингот во FMCG-секторот, кое опфаќа стратешко планирање на активностите и градењето на брендот, потрошувачки и трејд-маркетинг, како и активности во поглед на интеракцијата со потрошувачите и трејд-сегментацијата. Благодарение на способноста и вештините за обезбедување креативно, иновативно, ентузијастичко лидерство кое ќе го мотивира и носи напред тимот, од 2005 година наваму има работено на менаџерски позиции како на локалниот пазар, така и во кластерите на системот на „Империал тобако“, каде што има и интернационалното искуство од 2 години (2014-2016) на шпанскиот пазар како маркетинг директор за Шпанија, Португалија, Гибралтар, Канарските Острови и Андора. Во 2016 година се враќа во Македонија како проектен менаџер / консултант на „Империал тобако ТКС“, при што работи на проценка на бизнис-моделот на пазарот во Косово, ревизија на моменталната структура на претставништвото и дистрибутерот таму. Во исто време работи на развивање рута со минимален ризик, ревизија на портфолиото и ценовната стратегија, со цел стабилизирање на сервисирањето на пазарот и заштита на профитот.