MOLSON COORS
Филип Лунески
MOLSON COORS
Сениор менаџер за категории и менаџер за customer-маркетинг за Европа во Molson Coors. Дипломирал на престижниот Универзитет Шефилд во областа маркетинг (BA и MA). Кариерата ја почнал во системот на „Кока кола“, каде што се развивал на позициите во рамки на секторот за маркетинг и трејд-маркетинг. Тој е еден од ретките што успеал да работи во двете компании – „Кока кола компани“ и „Кока кола ХБЦ“. Водел големи проекти, меѓу кои се издвојува кампањата „Share a Coke“ – храбар потег со кој „Кока-кола“ за првпат го замени своето лого со лични имиња. Во „Молсон корс“ („Апатинска пивара“) преминува во 2014 година, каде што со неговото доаѓање почнува развивањето на категори-менаџментот како нова дисциплина во овој систем. Од 2015 година го презема и раководи и со хорека-каналот за продажба. Претседател е на Македонската бизнис асоцијација во Србија.