DS SMITH
Олгица Кржева
DS SMITH
Генерален директор на DS Smith – Скопје. На позицијата генерален директор на DS Smith – Скопје е веќе 5 години, каде успешно раководи со тим од околу 135 вработени. Во компанијата е 15 години, на почетокот во делот на финансиите, уште кога компанијата делувала под името „Комуна“, па во 2002 компанијата е под водство на „Валкартон“, за во 2012 година да стане  дел од групацијата „Дуропак“.  Во 2015 година компанијата станува дел од групација DS Smith. Одговорна е за две дивизии: амбалажа и рециклирање. Голем професионалец, посветена на работата, со широки познавања од областа, поседува одлични лидерски способности со цел менаџирање и координирање на производството кое е сржта на бизнисот. Дополнително, г-ѓа Кржева е одговорна и за продажбата која сама по себе е специфична и различна од финансиите кои се нејзина јака страна, човечките ресурси, како и  квалитетот на работењето во целост . Сите овие години успешно работи на имиџот на компанијата, која остварува позитивни резултати во целокупното работење. Сите предизвици ги прифаќа како нови можности, во исполнување на целта DS Smith да биде одлична компанија по сите параметри.