АЛМА-М
Муарем Муртезани
АЛМА-М
Муарем Муртезани. Сопственик и генерален директор на „Алма-М“, една од најголемите и најуспешни дистрибутивни компании на територијата на Македонија, која работи и на косовскиот пазар. Основана во 1991 година, „Алма-М“ првиот голем исчекор го прави во 1996 година, која почнува да ги дистрибуира производите на компанијата Wrigley. Благодарение на силниот развој на компанијата, во 2004 година од тогашен „Мобимак“, а денешен T-mobile, компанијата станува овластен мастер дилер за дистрибуција и продажба на нивните производи на територијата на нашата земја, а во 2006 година кон потрфолиото се приклучува и широката палета на производи на светската гигантска прехранбена индустрија Nestle.