ЕБОР
Владо Бојаџиевски
ЕБОР
Помошник директор, виш банкар, ЕБОР. Повеќе од 15 години сеопфатно искуство во банкарството и директните инвестиции во приватни компании. Примарно е задолжен за финансирање и банкарски проекти од секторите агробизнис, производство и услуги. Пред ЕБОР, работел во инвестицискиот фонд за директни инвестиции „СЕАФ Македонија“ и во ревизорската куќа „PricewaterhouseCoopers“. Дипломирал финансии и сметководство на Економскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е магистер по деловна администрација во финансии на Универзитетот Шефилд.