New to site?


Login

Lost password? (X)

Already have an account?


Signup

(X)

[ЗА САМИТОТ]

Магазинот InStore, кој веќе шест години континуирано информира и едуцира во рамките на FMCG-секторот во Македонија и во регионот, оваа година по третпат ќе го организира настанот на годината – FMCG Summit Скопје 2017. Благодарение на концептот, темите и реномираните говорници, уште од почетокот овој проект покажа деловна сила и авторитет да собере голем број компании од FMCG-секторот кај нас.

Целта на собирањата од овој тип е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Според одзивот на учесниците и впечатоците од досегашните самити, гледаме дека секоја година добивате нова инспирација за подобрување на вашето работење.

Затоа, и оваа година, на 11 мај, во хотелот „Александар Палас“, ве покануваме да бидете дел од третиот FMCG Summit во Скопје. Од базата на деловните контакти, клиентите и соработниците кои магазинот InStore со текот на годините ги собра околу себе, ќе понудиме програма со која ќе го вратиме оптимизмот во секторот. Презентации, истражувања, интервју, тркалезна маса – размена на идеи, инспирација и дружење, со фокус на неколку актуелни теми:

– Инспирација
– Од менаџирање до персонализирање: category management и shopper marketing
– Потрошувачот – оска на ротација на FMCG-секторот
– Дефиниција за продажна стратегија: како да ја зголемите продажбата?
– ТРКАЛЕЗНА МАСА: Сега и тука – најголемите предизвици на FMCG-секторот

13
Говорници
350
Котизации
10
Предавања
1
Тркалезна маса
КУПЕТЕ ЈА ВАШАТА КОТИЗАЦИЈА ДЕНЕС
Резервирајте го вашето место
КОТИЗАЦИИ

[ ГАЛЕРИЈА ОД 2016 ]